Според неофицијалните информации од хотелската асоцијација и од туристичкиот и угостителски еснаф, за претстојните велигденски празници во Охрид најавено е присуство на голем број на гости пред се соседните земји, информира градоначалникот Никола Бакрачески.
– Се надевам дека и времето ќе не послужи и не очекуваат убави пролетни денови за празниците и дека Охрид овие дена ќе биде полн со гости и туристи. На оние кои сеуште се мислат каде да одат за празниците, им упатувам срдечна покана да дојдат во Охрид и на традиционален начин и со почитување на сите религиозни обичаи да го прослават Велигден, рече градоначалникот.
Првите гостите се очекува да пристигнат уште во текот на денешниот ден со оглед на тоа што утре, велики петок е неработен ден, како и понеделник-втор ден Велигден.
OhridNews













