Две говеда изгореа, а две се спасени во пожарот што деновиве до темел изгоре штала на струшкото семејство Чакароски.


Причина за поижарот како што неофицијално се дознава се нарушените меѓучовечки односи во семејството. Таткото за пожарот го обвини својот син поради несогласувања околу продажба на имотот.


Со брза интервенција на противпожарната единица огнот бил ставен под контрола со што било спречено пожарот да се прошири на фабриката „Единство“ која се наоѓа во близина на опожарената штала.


Увид на местото на настанот извршиле истражните органи кои работат на расветлување на случајот.

Ohridnews
фото: Емилио