Граѓаните од стариот дел на градот реагираат дека и покрај тоа што ЈП Водовод Охрид вчера излезе со информација дека дефектот во овој дел од градот веќе е саниран, утрово повторно немале вода, а во текот на вечерта во делот под Плаошник водоснабдувањето се нормализирало во 21 часот, но со многу слаб притисок на водата.

Бараат одговор кога дефектот ќе биде саниран целосно, наведувајќи дека ако е потребно подолг период за истиот да биде саниран, да бидат информирани. Велат и ако е точно дека е саниран дефектот, вода пак немаат, па прашуваат кога конкретно ќе добијат вода.

OhridNews се обрати до ЈП Водовод Охрид од каде ја потврдуваат вчерашната информација дадена во јавност дека дефектот е целосно саниран уште вчера во 14:00 часот, посочувајќи дека денес што се однесува до дефектот е се во ред.

Во раните утрински часови и ноќеска имало прекини на електрична енергија и во тие моменти повторно не работела пумпената станица – Дрвара и затоа имало прекин во водоснабдувањето, но од 09:00 часот утринава водоснабдувањето е нормализирано, што значи од наша страна е се во ред, потенцираат од претпријатието.

Н.С.Ј.