Граѓани на протест побараа затворање на депонијата Буково
17.07.21 13:53
Жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково, денеска протестираа против работењето на депонијата „Буково“. Тие го блокираа пристапот до депониите на камионите и ангажираната механизација.
Мештаните се револтирани затоа што отпадот од депонијата гори, притоа се шири непријатна миризба, која не е само тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Бараат задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“, каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот. Доколку тоа не се случи најавија дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се реши проблемот, односно не се изгасне запаленото ѓубре.
Учесниците на протестот истакнаа дека е зголемен број на луѓе кои умираат од малигни заболувања, заболуваат и стоката и пчелите, а загрозени се и подземните води кои се сливаат во Охридското и Преспанското Езеро..
Депонијата Буково со години е жешка еколошка точка. Таа е нотирана и во извештајот на Реактивната мизија на УНЕСКО од 2017 година, а рокот за нејзино затворање беше 2020 година. Таа не само што не е затворена туку продолжува опасно да ја загадува животната средина.
Буково, како и депонијата во Струга и другите депонии во регионот, треба да бидат решени со изградба на современа депонија за преработка на отпад, но таа не е ниту на повидок, затоа што ниту една општина од Југозападниот плански регион не ја сака во својот атар.
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
ГФК Охрид Лихнидос и Брера Струмица одиграа 2:2 попладнево на „Билјанини Извори“, во натпреварот од 7 коло во Втората македонска фудбалска лига Охрид практично целиот натпревар го одигра со фудбале...
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.