СДСМ продолжува со серијата граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава, оваа сабота во 20ч. во Дијамантската сала на Хотел Инекс Олгица, информираат од СДСМ.

Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но, гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, велат од СДСМ.

Говорници на трибината ќе бидат претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска.

OhridNews