Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35- годишен жител на струшко Радолишта за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 28- ми јули , околу 6 часот на ул. „Боро Калајџиески“ во Струга пријавениот со закана со нож извршил разбојништво над вработениот од кој одзел 1.000 американски долари, 2.090 швајцарски франци и 6.000 норвешки круни.
OhridNews