Деновиве на крајбрежјето на Охридско Езеро на дел од плажата по должина на пешачката патека после мостот кај каналот „Студенчишта“ се забележуваат градежни материјали.


Општина Охрид ќе постапи согласно своите надлежности и законските ингеренции. Надлежните служби ќе ги преземат потребните активности за утврдување на фактичката состојба на терен, по што, доколку се утврди потреба, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно важечката законска регулатива, посочуваат од Општината.
Н.С.Ј.












