Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, упати јавна осуда по повод објавените спотови од страна на бугарски политички партии, во рамки на предизборната кампања во Бугарија, во кој е ставен градот Охрид.

Охрид е македонски град, отсекогаш бил и ќе биде место кое ги поврзува двата народи, место кое е пример за соработка и толеранција. Во духот на балканските и европските вредности, македонскиот и бугарскиот народ треба да негуваат добрососедско пријателство засновано врз силно меѓусебно почитување! Се надевам дека во иднина нема да имаме причина за вакви јавни реакции. – напиша градоначалникот Георгиески на официјалниот фејсбук профил.

Г.М.

Каракачанов го стави Охрид во предизборен спот во Бугарија, МНР со реакција