Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, на своите сограѓани им упатуваат честитки по повод Новата 2010 Година и им посакуваат добро здравје, среќа и успех во личниот, семејниот живот и општествениот ангажман.


-Посакуваме Новата Година да мине во знакот на уште поголем напредок на локалната зедница за добробит на сите сограѓани. Да ги искористиме поуките од економски и социјално тешката 2009-та година за подобри решенија кои ке придонесат за подобар и посрекен живот на сограѓаните, нивните семејства и локалната заедница во целина. Како локална власт, како Градоначалник и Совет, ќе настојуваме со сите сили да работиме за доброто на граѓаните, исполнувајки ги ветувањата и обврските што ги презедовме со добивањето на нивната доверба.
Нека Новата Година мине во знакот на поголема соработка на сите општествени чинители, институции и групации за да можеме да со достоинство да им го оставиме напредокот на генерациите што доаѓаат.

На сите сограѓани им посакуваме СРЕЌНА. УСПЕШНА И БЕРИЌЕТНА 2010 ГОДИНА – се вели во Новогодишната честитка од градоначалникот Петрески и претседателот на Советот, Јаковчески.

Ohridnews