По повод настапувачката Православна Нова Година, градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот, Душко Јаковчески, упатуваат честитка до своите сограѓани со желби за среќна, успешна и берикетна година :



-Традиционалното празнување и дочекот на Православна Нова Година-Василица што се практикува меѓу нашите сограѓани според стари обичаи, нека биде уште еден повод за јакнење на мегусебното дружење и разбирање. Василичарските маалски огнови и веселбите кои се организираат на бројни места во населбите и месните заедници посакуваме да минат весело и достоинствено како што и доликува на секое славење и народната традиција.

Вербата и заедништвото со која се напојуваме од празнувањето и традицијата посакуваме да се искажува и во  заедничкото секојдневие исполнето со обврски, задачи и зафати за доброто на општината и нејзините граѓани.

ohridnews