Градоначалникот Александар Петрески, вчера, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Марија Хенриете Шурман. 
Како што информираат од локалната самоуправа, на средбата градоначалникот Петрески се заблагодарил за добрата соработка со Холандија, при што истакнал дека холандските туристи се најбројни во Охрид. Амбасадорката ги пренела коментарите на холандските туристи и искажала восхит од природните и културните убавини кои ги поседува Охрид. На средбата станало збор за продлабочување на соработката во насока на развој на туризмот во Охрид.
Градоначалникот на Охрид се сретна со амбасадорката на Холандија
OhridNews