Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков оствари средба со делегација на Турскиот културен центар, предводена од директорот Серхат Кула. На средбата како што информира Пецаков разговарале за остварување на соработка во повеќе области.

Разговаравме за организирање на курсеви за изучување на турскиот јазик за сите кои сакаат студии за запишат во Република Туција, организирање обуки за занаетчии, чии производи подоцна ќе бидат промовирани и продавани низ повеќе држави, како и за размена на ученици и наставници, вели Пецаков.

Инаку, Турскиот културен центар годинава ќе настапи на Охридско лето со 12 учесници, а свои канцеларии имаат во повеќе од 58 земји.

OhridNews