Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се екипите кои обезбедија пласман во финалето од Копа дел Реј. По победата на “кралевите над Барселона, за градско дерби во финалето се погрижи Атлетико, кој ремизираше против Севиља и со вкупни 4-3 се пласираше во борбата за златен медал.


Голем дел од работата за пласман во финалето избраниците на аргентинскиот стратег Диего Симеоне завршија во првиот половина час,  кога со головите на Коста и Фалкао имаа предност од 2-0. Фудбалерите на Севиља не се предаваа и до крајот на полувремето го намалија резултатот.

Последните 15 минути Севиља мечот го продолжи со десет фудбалери по исклучувањето на Медел, но и со бројчана негатива на теренот “андoлузијците“ успеаја да изедначат со голот на Ракитиќ.


Во завршните мигови од полуфиналниот дуел Севиља остана со уште еден фудбалер помалку откако директен црвен картон заработи Кондогбија.

Градското финале во Копа дел Реј е закажано на 18 мај.

Мх.П.