Граѓани со допис до редакцијата на OhridNews околу непријатен настан што се случил околу 22 часот синоќа. Глутница кучиња растргнала мачка, домашен миленик, на само неколку метри од општинската зграда, вознемирувачка сцена за сите што биле во близина на настанот.
– Градот не презема ништо. Утре не дај боже може да настрада и мало детенце, велат граѓаните кои го испратија дописот. Апелираат надлежните конечно да преземат мерки за решавање на проблемот.
Градоначалникот Јован Стојаноски уште по стапувањето на функцијата, свика прес конференција на која беше кажано дека се преземаат итни мерки за почетно решавање на проблемот кој потоа со помош на проекти, ќе биде трајно решен. Засега резултатите на терен не се видливи. Во меѓувреме поради недостаток од поддршка се затвора и единствениот стационар за згрижување кучиња скитници за кој се грижеше волонтер од „Анималиа“.
OhridNews












