Жители од станбена зграда на булеварот „ Туристичка“  сметаат дека поради дислоцирање на контејнерите од главната улица во споредна уличка, се создава хаос при депонирањето на отпадот.

Местото сега е преполно со отпад  од околните згради во радиус од еден километар. Во повеќе наврати е реагирано, но не наоѓаме на слух од надлежните институции. Место за контејнерите има во линија на дрворедот на главната улица каде уште од пред 18 години има таканаречени џебови за нивно поставување. Сметаме дека сегашната локација каде се поставени контејнерите не е соодветна, велат станарите.

Од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ информираат дека барањето на станарите било испратено до Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта  каде се надлежни за одредување на локациите на кои се поставуваат контејнерите, додека пак нивна задача како јавно претпријатие е празнење на истите што во летниот период се врши  три пати во текот на денот.

Ставот пак на фондот е на булеварот „Туристичка“ , која е една од најфреквентните сообраќајници во градот, да не се поставуваат контејнери.

OhridNews