Доколку граѓаните приметат некаква појава на мито и корупција во Министерството за одбрана или Армијата, тоа од утре ќе можат да го пријават на бесплатната телефонска линија 0800-50030.

Како што соопштуваат од ресорното министерство, целта на проектот „Пријави корупција“ е навремено и целосно исклучување на можноста од оваа појава, како и спречување на корупцијата во државните институции.

Исто така, граѓаните ќе можат да поднесат пријава за корупција на веб порталот од Министерството за одбрана, преку пополнување на електронски формулар или праќање на електронска пошта.

Како што стои во соопштението на ресорното министерство, проектот е во рамките на иницијативите на Северноатлантската алијанса во борбата против оваа несакана појава.

OhridNews