
Настаните се дел од втората активност на проектот на ИРЕК со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија –МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.
Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од општина Дебар.
OhridNews











