Значителен број од нашите читатели, 78 % (266) на анкетното прашање „Дали такси возилата во Охрид треба да бидат унифицирани?“ одговориле „да, сите такси возила треба да се со иста боја“ наспроти 18 % (61) кои имале мислење дека секоја такси компанија треба да има различни бои. Само 4 % (12) сметаат дека сегашната ситуација не треба да се менува. Во анкетата учествуваа 339 читатели на ohridnews.com.

Инаку одлуката на Советот на општината за специфично бојадисување на такси возилата внесе многу нервоза и отпор кај голем број таксисти кои сметаат дека таа била во корист само на мал број „газди“. Одлуката требаше да стапи во сила на први април, но на петочната седница на Советот, нејзиното спроведување е пролонгирано за уште еден месец.