Имено, тие се жалат дека на улиците на кои живеат биле извршени градежни работи, но потоа надлежните не ги вратиле во првобитна состојба, па затоа тие се принудени со месеци да одат по калливи улици. Таков е случајот со улицата во близина на основното музичко училиште, на дел од Јане Сандански, како и на една од улиците во населбата Исток.
– Кога времето е ладно, ниту една асфалтна станица не работи. Ниските температури влијаат врз квалитетот на асфалтот, објаснуваат од фондот. Се надеваме дека по 15- ти февруари температурите ќе бидат повисоки, па така ќе може да го набавиме потребниот материјал од асфалтната станица во близина на Струга, додаваат од Локалната самоуправа.
Како што потенцираат од Фондот за комунален развој и патишта, тие ќе ги вратат во првобитна состојба оние улици на кои било интервенирано од страна на ЈП Нискоградба, доколку за тоа е постигнат меѓусебен договор, најчесто кога станува збор за поголема површина. Во останатите случаи, кога интервенира и извршува градежни зафати, ваквата обврска останува на јавното претпријатие.