Во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ синоќа се одржаа протести во неколку македонски градови. Учесниците на протестот ја отфрлаат платформата на партиите и бараат да се спроведат четири барања кои се преточени во проглас, кој синоќа беше прочитан во Скопје од страна на ликовниот уметник Коле Манев.

„Ние граѓаните ‘За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме: Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ‘За заедничка Македонија“, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија. Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.“ – се вели во прогласот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Најава за нови протести на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ доаѓа од повеќе градови, меѓу кои и Охрид.

OhridNewws