На меѓународната изложба што ќе се одржи деновиве во Рим, ќе биде изложен грандиозен мозаик на охридскиот уметник Никола Упевче со мотиви од Охрид.

Мозаикот наречен “Мапа на Охрид“, Упевче започна да го гради од 2006 година и го заврши неодамна. Тој е базиран на апликацијата Google maps, со актуелни географски координати кои можат да се видат преку сервисот Google maps. Мозаикот нуди поглед на Охрид од птичја перспектива и ја содржи целокупната инфраструктиура на стариот дел на градот опкружен од Охридското Езеро, која постои во реалноста, односно домови, јавни објекти, улици и.т.н. Сите тие се претставени автентично.

На мозаикот може да се видат монументални објекти како Самоиловата тврдина, познатите цркви во стариот дел на градот Св. Софија, Св, Богородица Перивлепта, Плаошник, Канео, античниот театар, арехеолошки локалитети и други објекти од културно – историски значење поради кои Охрид е ставен на листата на светско наследство заштитено од УНЕСКО.

Г.М.