Капитенот на Арсенал, Гранит Џака во неделата на мечот со Кристал Палас на „Емирати“ имаше бурна реакција при излегувањето од теренот. Репрезентативецот на Швајцарија со фрлање на дресот негодуваше на свирежите од „Емирати“ и ги праша навивачите зошто му свират и што направил погрешно. Џака во официјално соопштение се извини но и ја отвори душата и објасни што му претходело на бурната реакција.

После неколку дена повторно видов што се случи во неделата и сакам сето тоа да го објаснам. Сцените кои се случија при мојата измена многу ме погодија. Го сакам овој клуб и секогаш давам максимум кога сум на теренот но и надвор од него.

Моите емоции навивачите не ги разбраа а многу ме поведија навредливите коментари на натпреварот и на социјалните мрежи последниве неколку недели. Луѓето ми пишуваа „ќе ти ги скршиме нозете“, „ќе ти ја убиеме сопругата“ и „ќеркати да добие рак“. Ваквите пишувања многу ме налутија и достигнаа до точка на исклучување кога осетив дека на „Емирати“ повеќе навивачи ми свиреа отколку што аплаудираа.

Во таа ситуација се занесов и постапив на начин кој покажа непочитување на навивачите кои го поддржуваат овој клуб. Сепак, тоа не ми беше намерата и многу ми е жал ако некого повредив. Сакам да ја вратиме меѓусебната почит и да се сетиме зошто се заљубивме. Ајде да одиме напред сите заедно! – стои во писмото од Гранит Џака.

Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери го заштити својот играч но го обвини дека погрешил со реакцијата. Џака изоставен беше од тимот за дуелот со Ливерпул во Лига купот но се очекува да биде во комбинација за следните мечеви. Емери одредено време беше под притисок да му ја одземе капитенската лента на Џака но тој тврдо стоеше на својот став дека нема да има промени.

OhridNews

Џака бурно реагираше на свирежите од „Емирати“! (видео)