ГРК Охрид во рамки на Купот на Македонија во групата В денес се среќава со екипата на ГРК Тиквеш 2014.  Полуфиналниот натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18.00 часот.

Натпреварите продолжуваат во недела, 08.03.2026, кога од 13:00 часот се игра полуфиналниот натпревар помеѓу екипите на МРК Куманово – РК Младост 1977, додека од 18:00 часот се игра финалето.

Од ГРК Охрид, кој е домаќин на групата В од Купот на Македонија, информираат дека на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ се пуштени во продажба блок карти за трите натпревари од Купот на Македонија по цена од 100 денари.

OhridNews