ГРК Охрид денес во рамки на 10-коло од плејофот во Супер лигата игра со екипата на Тиквеш на домашен терен. Ракометарите ветуваат дека ќе го дадат максимум за да ја завршат сезоната во домашното првенство со уште една победа.

Од клубот упатуваат повик до навивачите да бидат поддршка на момците во последниот меч од Супер лигата.

Натпреварот со Тиквеш ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17 часот.

OhridNews