Во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во близина на село Ботун животот го загуби 17 годишниот Јован Николоски од с. Мешеишта, член на младите категории на ГРК Охрид.
Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. – стои во соопштението на ГРК Охрид.

На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта, општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место, информираше МВР.
OhridNews











