ГРК Охрид загуби од РК Вардар 1961 во натпреварот од 3 коло од плеј-офот во Супер лигата кој се одигра синоќа во салата „Јане Сандански“ со 31:21.
Охрид на натпреварот настапи со подмладен состав без речиси комплетниот прв тим со што очигледно фокусот сезонава е ставен на ЕХФ Европскиот Куп и реваншот од четвртиналето со Олимпијакос што се игра утре вечер во салата “Билјанини извори”.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Кукуловски со 6 гола, Саврески постигна 3.
Статистика ГРК Охрид: Фармакоски 1, Кукуловски 6, Јанчески 1, Трајчески 1, Ристески 4, Савревски 2, Блажески (6 одбрани), Бојаниќ 3, Ќосевски 3, Ѓорѓески (5 одбрани).
Г.М.













