ГРК Охрид во следното коло од Супер лигата гостува кај актуелниот шампион и двократен европски првак Вардар.
За двете екипи отворен натпревар пред паузата и период на генерални проби за плеј-оф пресметките на пролет, вели Наум Бабачев- Бабак.
Натпревари како овој со Вардар се можност и мотив за што подобро издание на нашиот тим. Без психолошко оптоварување патуваме за Скопје да одиграме со европскиот првак, додава Бабачев.

OhridNews











