Најторфејниот македонски фудбалски клуб Вардар се наоѓа во тешка ситуација откако Сергеј Самсоненко реши клубот да му го врати на град Скопје. Рускиот бизнисмен фудбалскиот клуб го презеде пред шест години.

На оваа тема, во четврток гостувајќи на телевизијата „ТВ 21“, говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека клубот треба да дојде на нула за градот да може да го преземе.

Коментар за актуелниот момент во Вардар има и поранешниот капитен Бобан Грнчаров, тој се огласи преку својот профил на „Фејсбук. Според него Сергеј Самсоненко е единствениот виновник за ситуацијата во која се наоѓа клубот.

Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Како прво Вардар бара помош од Град Скопје затоа што должи над 2 милиони евра. Зошто кога земаа пари од Европа, повеќе од 5 милиони евра, не кажаа ај ќе ги поделиме со Град Скопје, за утре-задутре ако ни требаат да ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари. За ова што се случува единствено е виновен еден човек, и тој треба да го реши тоа сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош од таму. –  пишува на „Фејсбук“ Грнчаров.

OhridNews

Два милиони евра се потребни за спас на ФК Вардар