Повеќе станбени згради и деловни објекти во центарот на Охрид од попладнето се без струја. Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што неофицијално дознаваме, бил дефект кој настанал како последица на удар од гром во хотелот Ривиера кој не работи.


Екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот, додека кафетериите и станарите во опкружувањето наместо светилки користат свеќи.

Невремето што попладнево го зафати Охрид предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од градот, а состојбата по поројните врнежи и електрични празнења полека се стабилизира.
OhridNews