Поранешниот премиер Никола Груевски, ексвицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски изјаивја дека не се чувствуваат виновни за обвинението на СЈО во случајот „Траекторија“. Претходно СЈО даде воведен говор за тоа какво кривично дело им се става на товар на обвинетите.

Судот објави дека им ги одбива сите приговори на адвокатите на обвинетите. Судот го одби барањето на одбраната 315 бомби во овој случај да не се користат како доказ. Одбраната се сомнева дека прислушуваните разговори се менувани. Судот дополнително го одби барањето на Груевски да се отфрли и вештачењето на СЈО. По кратка пауза судењето продолжува со воведни говори на адвокатите на обвинетите.

OhridNews
Макфакс