Со измените во статутот на партијата, ВМРО ДПМНЕ повеќе нема почесни претстедатели, одлучи Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана синоќа. Со измените се ограничува и мандатот на претседатеклот на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот која што со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата. Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде подржан од 2/3 од телата кои што го бираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е конгресот. Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува. – изјави Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Новина е и воведувањето на непосреден избор на претседател на ОК и раководство на општинските комитети од страна на членството, демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници од страна на партиските бази, воведување на нови органи и тела во партијата, како и ограничување на правото на реизбор на претседател на партијата и останати високи партиски функционери.

Воедно новиот Статут предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.

Во таа насока ја информираме целокупната јавност дека се превземени следниве измени кои поминаа на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со непосредно демократско одлучување за избор на кандидати за советници во локалната самоуправа, е тоа што во новиот Статут нив директно ќе ги бира Собрание на општинските комитети, односно членовите во рамки на секоја општина. На овој начин ќе се избираат и новите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А, воедно на овој начин ќе се предлагаат и новите претседатели на општинските комитети. – рече Ташковски.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада.

Г.М.