На овие избори победи волјата на народот и дермократијата, а загубија непринципиелните политичари и коалиции на медиуми и партии, кои се ставија во заштита на криминалот, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ на прес конференција вечерва во Скопје.
– Македонија денеска конечно се прекрши, граѓаните ги препознаа
реформите, а многу политичари си го видоа местото и го добија
одговорот, односно пораката од граѓаните кои ги казнија. Денешното
гласање е голема лекција дека со гнасни игри, валкана кампања и
подметнувања од овој народ не може да се извлече доверба, рече Груевски.
Оваа победа за мене и партијата е голема обврска за нас да исполниме се што ветивме во програмата и повеќе од тоа ако може, додаде Груевски.
– Од утре продолжуваме да им помагаме на сите граѓани на Република Македонија независно кој за кого гласал на овие избори, истакна Груевски кој посебна благодарност упати до македонците во дијаспората за дадената поддршка на предвремените парламентарни избори.
Груевски истакна дека ВМРО ДПМНЕ и натаму ќе се фокусира на економијата, земјоделието и отварање на нови работни места, разрешување на проблемите и влез на земјата во НАТО и ЕУ, внимавајќи на националните интереси, борбата против корупцијата и криминалот, градење на добри меѓуетнички односи и силна поддршка на образованието.










