ВМРО-ДПМНЕ нема да потпише платформа која нема да донесе мир во државата, бидејќи нејзиното прифаќање бои претставувало отворање на Пандорината кутија во смисла на меѓуетничките односи, рече челникот на оваа партија и поранешен премиер Никола Груевски во опширното интервју на телевизијата ТВ НОВА, одговарајќи на прашањето за декларацијата на четирите албански партии во Македонија која ја наложија како услов за поддршка на една од двете македонски партии со најмногу мандати во Собранието.

На предвремените парламентарни избори на 11-ти декември ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат и со десетте пратеници кои ги освои неговиот досегашен албански коалиционен партнер во владата ДУИ, можеше да формира натполовично мнозинство за формирање министерски кабинет. Но партиите во предвидениот ток не успеаја да се договорат, па започнаа преговорите меѓу „интегративците“ на Али Ахмети и СДСМ кој обезбеди 49 пратеници, но ја има поддршката и на другите досега опозициски албански партии.
Ахмети на челниот на социјалдемократите Зоран Заев му порача дека очекува писмен предлог во односна споменатата платформа за добивање на потписите на десетте пратеници на ДУИ, а во саботата од СДСМ најавија дека веќе ги составиле писмените материјали, без да наведат поединости од нивната содржина.

„Ние (ВМРО-ДПМНЕ) на ДУИ им кажавме дека не можеме да прифатиме платформа потпишана во друга држава и да разговараме. Ние препознавме дека станува за обид за репреговарање на охридскиот Рамковен договор. А ние знаеме дека многупати имавме сугестии од сите страни дека тој договор е тешко издоговаран и дека не треба да се мисли за негово репреговарање, зошто и другите заедници би излегле со свои барања како и мнозинската заедница. Така отвораме една пандорина кутија која не сум сигурен дека може лошо да заврши, рече челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Сé треба да има логика во политиката. На Албанците на овие избори им се нудеше нешто што нема да им донесе подобро. Што имаат тие ако има двојазичност во Берово, Штип, Демир Капија… Ние рековме да се зборува за тоа во општини каде има најмалку 20 од некоја етничка заедница, за ако треба и другите да добијат нешто. Да видиме дали има нешто логично и што оставрува некои човекови права односно да им го подобри животот на луѓето, а не само да се фалат политичарите дека нешто направиле“, додаде Груевски.

Исткана дека во преговорите со ДУИ не се согласиле со платформата и двојазичност на цела територија. „Преговорите со ДУИ пропаднаа и не беше искористен првично мандатот за создавање на влада бидејќи главен проблем беше барањато за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија што е неприфатливо“, изјави Груевски. „Откако не успеаја плановите за постизборен инжинеринг стана јасно дека тежиштето на борбата се префрла со притисоци врз преговорите за формирање на влада со коалициониот партнер ДУИ што на почеток одеше во позитивна насока. Со оглед на распоредот на пратеници знаевме дека ќе биде тешко да се формира влада, но не одевме веднаш да бараме нови избори. Со ДУИ од старт видовме обиди за одложување на преговорите поради внатрепартиски несогласувања. Потоа бевме соочени со барањата на ДУИ со конкретен закон доставен на хартија за двојазичност на цела територија за изедначување на албанскиот со македонскиот јазик. Им кажавме дека е нелогично да има двојазичност каде Македонците се 65, а Албанците се 25 отсто. кои живеат пред сé во северозападна Македонија каде веќе уживаат голем број на етнички права, особено со Рамковниот“, рече Груевски.

„На маса беше ставена и платформата која ја одбивме, бидејќи е составена со други партии и во друга држава. Препознавме дека станува обид за репреговарање на охридскиот Рамковен договор. Тој е тешко постигнат и не треба да се менува, што ако помалите етнички заедници, па дури и македонската заедница излезат со свои барања. Со тоа ќе отвориме една Пандорина кутија која нема да донесе нешто добро. Им кажавме дека не сакаме да разговараме за платформата, туку за поединечни конкретни разговори“, Груевски во интервјуто за ТВ Нова.

Ако СДСМ го направи тоа и ја прифати платформата, ние сме подготвени да одиме во опозиција и ќе направиме сé што е во наша моќ да не се прифатат такви барања кои ќе го нарушат мирот. Сакаме да им помогнеме на сите граѓани да имаат подобар живот, преку економија, работни места, пензии, плати и подобри можности за сите. Ние сме луге кои држиме до даден збор и нелогични работи нема да прифаќаме. Ние не сме против Албанците иако медиумите на Сорос нé оцрнија и создадоа лоша перцепција за нас“, рече Груевски.

OhridNews