Заев и криминогената група околу него, прават се, да пропадне договорот од 2 јуни, зашто знаат дека ќе бидат поразени на избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред Унијата на млади сили на партијата, еден ден пред лидерската средба на која нема да присуствува еврокомесарот Јоханес Хан. Многу е важно, рече Груевски, на Заев да не му се дозволи да измисли нови причини за да не се реализира договорот од Пржино и предупреди.
„Тој ќе направи сè да пропадне договорот и да нема предвремени избори. Не го интересираат него ниту измени на Изборниот законик, ниту странски мониторинг на изборите, ништо! Го интересира само што е тоа што ВМРО не може да го испорача на неговите барања и тоа јавно да го побара и потоа да му биде изговор за одложување на изборите – неодамна му понудив избори наесен, но тој одби“, рече Груевски.
За Владата ќе бидат од полза препораките од Брисел, но, политичката криза е резултат на валкана игра, а нејзината дефинитивна разрешница ќе биде со референдумско гласање против СДСМ, порача Груевски.
„Ние ќе извлечеме поука од сето ова и ќе ги корегираме грешките – неодамна предложените препораки од ЕУ ќе ни помогнат во тој наш напор, но стратешка грешка ќе биде ако не се порази до патос оној што одработува за дадена задача и борејќи се без заслуга да дојде до власта, рушејки углед на РМ и со измама да се добере до власта – власт по секоја цена. Тоа нема да се дозволи, тоа е онаа криминогена група околу Заев“, рече Груевски.
Изборите во април ќе испратат порака дека народот не може да го прелаже групана обични шибицери, рече Груевски, кој на Заев му сугерираше уште едно изборно соочување.
„Го повикувам на есен да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица, особено по онаа видео снимка на која срамно бара мито од бизнисмен раскажува дека таков бил редот за земање арач“, рече Груевски.
Во својот долг говор, Груевски претходно најави три нови странски инвестиции, искажа очекување дека Македонија идната година ќе има највисок економски раст во Европа и рече дека ќе продолжат политичките и економски реформи.
OhridNews
извор Телма