Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска е во посета на Охрид, како дел од владиниот проект „Со Вас“ чија примарна цел е приближување на владините институции и претставници до граѓаните на Република Македонија.
Прва „цел“ на агендата беше почнувањето на ископување и проширување на археолошкиот локалитет кај Плаошник, а водич беше организаторот на проектот Паско Кузман. Околу 150 луѓе, меѓу кои и архитекти, археолози, студенти по археологија, мајстори… работат на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет 2007 – 2009“.
Бенефиции за земјоделците?!
Посебно интересна беше посетата на градскиот пазар каде Груевски оствари непосредни контакти со граѓаните, продавачите и купувачите. Секој имаше по нешто „важно“ да му каже на премиерот. Најмногу поплаки имаше на нерешениот статус на многу стечајци кои „не по свој избор постанале продавачи на пазар“. Народот воглавно се интересираше како владата ќе го зголеми вработувањето, на што премиерот одговараше дека „интензивно се работи на привлекување нови инвестиции“.
Велмешкиот грав интересен за Груевски
За пофалба е ненаметливото однесување на непосредното обезбедување на премиерот, како и трпеливоста на Груевски за прашањата и на граѓаните и на новинарите.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, напомена дека треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во погол...
Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на ...
Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.