Група за поддршка од Црвен крст ќе работи со лица зависни од конзумирање алкохол
11.07.14 10:21
Во рамки на своите превентивни програми Црвен крст Охрид започнува со имплементација на нов пристап во третманот и работата со лицата кои се зависни од конзумирање алкохол. Во соодветна просторија во Црвен крст Охрид, секој петок од 19-20 часот група за поддршка ќе работи со лицата кои имаат проблем со прекумерното конзумирање алкохол, на прифаќање и примена на 12 чекори, кои водат до опоравок.
– Со тоа Охрид добива едно сигурно место, каде сите оние наши сограѓани кои препознаваат кај себе проблеми со конзумирањето на алкохол, ќе имаат единствена можност, без никаков надомест, да применат светски проверени и признаени методи и техники и ја надминат зависноста од алкохолот, потенцираат од Црвен крст.
Групата за поддршка започнува со работа денес, 11- ти јули во 19 часот во просториите на Црвен крст Охрид.
За повеќе информации достапни се контактите во Црвен крст Охрид 046/ 261-909.
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема Во рамки на оваа акција, ло...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.