Центар за култура „Григор Прличев“

Од 25.04.2024 - 18:00 до 25.04.2024 - 20:00

Гупна изложба посветена на животната средина и урбаното живеење, ќе се одржи во рамки на проектот ПРОСПЕР на 25 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 18 часот.

Осуммина меѓународни уметници престојуваа во Охрид во април 2024 година како дел од проектот ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии. За време на престојот тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Езерото.

Идејата беше да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители. Уметниците се изразија преку создавање: фотографии, скулптури, композиции, поеми и интервенции на пронајдени предмети. Траги од нивното креативно истражување ќе бидат изложени во рамките на групната изложба.

На изложбата може да се видат делата на: Јара Асмар (Yara Asmar), Клаудио Беоркија (Claudio Beorchia), Јулија Ехлер (Julia Eichler), Кафар Рзаев (Qafar Rzayev), а предвидено е и перформативно поетско читање на Ката Ѓорфи (Kata Győrfi).

Дел од уметниците твореа на јавни површини на самото Езеро и во неговата околина. Муралите на Марија Видовиќ (Marija Vidović) може да се видат на повеќе локации во Охрид, а медитативното звучно доживување на вода на The New Liquidity Андерс Ехлин (Anders Ehlin) и Селма Бошкаило (Selma Boskailo) се случува на Езерото.

Проектот ПРОСПЕР го реализираат 5 организа- ции: Перипетија Продукција и ЛДА Струга (С.Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).

Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

OhridNews