Поради појава на магла намалена е видливоста до 50 метри има на планинскиот премин Стража, информираше утрово АМСМ. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Повремен слаб снег префрла во Павлешенци без задржување на коловоз.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран.

Забраната за движење, поради свлечиште на патот Киселица-Злетово во општина Пробиштип сеуште останува. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци према с.Степанци и с.Суво Грло. Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија од 26.01.2015 е нормализиран.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews