По едногодишна пауза од фудбалот, Гвардиола ќе се врати наредната сезона на клупата од Баерн Минхен. Претходно, Гвардиола четири години повеќе од успешно ја водеше Барселона до три титули во “Ла лига“ и две во Лигата на Шампиони.
Гвардиола е окарактеризиран како мозок на “тик так“ играта, која ја краси Барселона последните пет години. Пеп на клупата од “блауграната“ го наследи Виланова, кој беше помошник на Гвардила во четирите години минати на Ноу Камп.