Доколку имате желба да се тетовирате или да ставите пирсинг, сега можете да го направите тоа во новото студио за тетоважи и пирсинг “Hadji Tattoo Studio”, кое официјално започна со работа синоќа на улицата „Јане Сандански“, наспроти ресторанот Валентино.
“Hadji Tattoo Studio”располага со професионална и стерилна опрема која нуди безбедност, вели сопственичката и тату артист Маја Грашаровска.
– Добредојдени се сите кои имаат желба да се тетовираат, не само охриѓани, туку и туристите. Изработуваме тетоважи во црно бела техника и во боја, во завосност од желбата на клиентите. Нудиме совети и уникатни дизајни и мотиви за тетовирање, помагаме при изборот, даваме идеи. Работиме со професионална опрема и бои „Етernal“, кои нудат сигурност и квалитет. Целокупниот процес на тетовирање е наша грижа и ги следиме најновите трендови на нега на тетоважите во текот на целото создавање. – вели тату артистот Маја Грашаровска.
Маја е тату артист седум години. Нејзиното семејство се занимава со оваа професија веќе две децении, а таа „занаетот“ го научила од најстариот брат. И вториот нејзин брат се занимава со тетовирање. Голема поддршка има од сопругот.
– Доколку немате поддршка нема да ја остварите целта. Јас имам голема поддршка од мојот сопруг, да не беше тој немаше да го отворам студиото. За да се успее треба да се има поддршка од најблиските и да се верува во себе. – вели тату артистот Маја.
Иако има богато искуство, Маја постојано професионално се надградува и ги следи новитетите во професијата. Таа минатата година престојувала во Регенсдорф, Швајцарија, каде се одржа тату конвенција.
“Hadji Tattoo Studio” ги работи стиловите на тетовирање: олдскул, реализам, хиперреализам, суреализам, “Dots&lines”, “water color”…, а цената на тетоважата зависи од големината и боите кои се употребуваат.
– Цениме секакви идеи, но би сакале да ги охрабриме сите кои сакаат да се тетовираат да направат нешто ново, да применуваат нови стилови и да тежнеат кон уникатни креации. Би сакале да ги срушиме предрасудите околу тетовирањето и да му покажеме на светот дека не сме некои престапници какви што не замислуваат. Едноставно сакаме да ја негуваме оваа професија и да ја подигнеме јавната свест дека тетовирањето е уметност која се цени индивидуално и не треба поради тоа да не осудуваат и деградираат. – вели Маја.
“Hadji Tattoo Studio” соработува со странски студија за тетовирање како “IH tattoo studio” и “Lajmaks” од Швајцарија, а во план е во Охрид да гостуваат тату артисти од светот.
–Освен клиенти од градот и земјата, имаме искуство со тетовирање на туристи од речиси сите континенти, кои тетоважите од Охрид ги носат насекаде во светот. – истакнува Маја.
“Hadji Tattoo Studio” на улица „Јане Сандански работи од понеделник до сабота, а за повеќе информации и совети може да ја посетите фан страната на студиото на Фејсбук или на Инстаграм.
Фото галерија:
“Hadji Tattoo Studio” – ул. Јане Сандански тел. 072 268 003
OhridNews
Фото: Анамарија Момироска










































