Седумкратниот светски шампион во Формула 1, ЛуисХамилтон, ја забележа својата прва победа во болидот на италијанскиот автомобилски гигант Скудерија Ферари триумфирајќи на трката за Големата награда на Барселона што се возеше денеска на патеката Каталуња. За 41-годишниот Британец ова беше 106-та победа во кариерата и прва по пауза од речиси две години.

Хамилтон до победата стигна со одлична стратегија и одлично возење на патеката пред возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заврши втор, и актуелниот светски шампион Ландо Норис кој беше трет. Тие го комплетирана првиот целосно британски подиум во Формула 1 по 1968 година.

Водечкиот во генералниот пласман младиот Италијанец Кими Антонели се повлече од трката поради технички проблем на само неколку круга пред крајот. Речиси истовремено  откажа и болидот на тимскиот колега на Хамилтон во Ферари, Шарл Леклер.

Генерален пласман кај возачите:

1. Кими Антонели (Мерцедес) – 156 бодови
2. Луис Хамилтон (Ферари) – 115
3. Џорџ Расел (Мерцедес) – 106
4. Шарл Леклер (Ферари) – 75
5. Ландо Норис (Мекларен) – 73

Кај конструкторите води Мерцедес со 262 бодови пред Ферари со 190.

Следната трка во шампионатот на Формула 1 е Големата награда на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг, која ќе се вози од 26 до 28 јуни.

OhridNews