Хартиени маски се продаваат по набиени цени и во нехигиенски услови
11.04.20 13:52
Граѓани на Охрид реагираат дека во малопродажба во обични продавници се продаваат хартиени маски за заштита по цена од 40 денари. Осврн што цената им е надувана, тие забележуваат дека маските се делат на парче без да се запазат минимум хигиенски услови, односно тие не се спакувани и се допираат целосно од страна на продавачите при продажба.
-Која е целта да се купи заштитна маска која е контаминирана, затоа што не е соодветно спакувана и се допира без претходно да се измијат или дезинфицираат рацете. – прашува граѓанин, сведок на таква ситуација.
За носењето маска има многу полемики, особено околу тоа дали треба и кога треба да се носи. Медицинските лица се децидни дека е потребна внимателност при носењето маска и дека не секаде таа треба да се носи. Тие се против тоа маска да се носи на отворено кога се држи социјална дистанца, укажувајќи дека голема важност има и тоа за каква маска се работи. Обичните маски, велат, тие, ја имаат својата функција само 2 часа, потоа стануваат исто толку опасни колку и допирот на лице со нечисти раце.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица ниво А1 и погоре Часовите, посочуваат од Библиотеката, ќе се одвиваат со забавни и интерактивни а...
Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ заедно со иницијативата „Збогум Буково“- Охрид организираат панел дискусија на тема „Диви депонии во општина Охрид – состојба и предлог ре...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, продолжува да ја зајакнува воздушната поврзаност од двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св Апостол П...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.