Хартиени маски се продаваат по набиени цени и во нехигиенски услови
11.04.20 13:52
Граѓани на Охрид реагираат дека во малопродажба во обични продавници се продаваат хартиени маски за заштита по цена од 40 денари. Осврн што цената им е надувана, тие забележуваат дека маските се делат на парче без да се запазат минимум хигиенски услови, односно тие не се спакувани и се допираат целосно од страна на продавачите при продажба.
-Која е целта да се купи заштитна маска која е контаминирана, затоа што не е соодветно спакувана и се допира без претходно да се измијат или дезинфицираат рацете. – прашува граѓанин, сведок на таква ситуација.
За носењето маска има многу полемики, особено околу тоа дали треба и кога треба да се носи. Медицинските лица се децидни дека е потребна внимателност при носењето маска и дека не секаде таа треба да се носи. Тие се против тоа маска да се носи на отворено кога се држи социјална дистанца, укажувајќи дека голема важност има и тоа за каква маска се работи. Обичните маски, велат, тие, ја имаат својата функција само 2 часа, потоа стануваат исто толку опасни колку и допирот на лице со нечисти раце.
На 25102026 во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 18, 30 и 25-годишни лица, сите од Охрид Тие се затекнати по извршена тешка кражб...
Јон Ѓорѓиевски, ученик во ОСУ „Св Климент Охридски“ од Охрид, освои прва награда за Експериментален филм на јубилејниот 55 Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија (55-ДФН...
По повод празникот посветен на „Преподобната Параскева (Петка)”, во храмот „Свети Никола Геракомија” денес ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 16:00 часот, информираат од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.