Некогаш моќниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн (67), прогласен е за виновен за сексуален напад и силување, од страна на поротата во судот во Њујорк.

 

Одлуката 12-члената порота составена од седум мажи и пет жени, ја донела едногласно по петдневно заседавање, што е услов обвинетиот да биде осуден. Вајнштајн е прогласен за виновен за сексуален напад на поранешната асистентка Мими Халеј во 2006, како и за силување на поранешната глумица Џесика Ман во 2013 година.

На Вајнштајн му се заканува казна затвор до 25 години, додека отфрлени се обвинувањата за предаторско однесување, за што казната е доживотен затвор. Неговиот адвокатски тим најави дека ќе ја обжали одлуката на поротата.

Судот во Њујорк треба да ја донесе пресудата во случајот Вајнштајн на 11 март.

OhridNews
фото: CNN