Македонскиот првак Шкендија вечерва е пред сериозен испит во
Белград, “црвено црните“ во првото коло од Лигата на Шампиони гостуваат на
српскиот шампион Партизан. Од таборот на Шкендија најавуваат фанатична игра и
борба до последниот атом.

Дојдовме да играме фудбал а другите работи ги оставаме позади нас. Сите
знаеме дека треба да дадеме повеќе од 100% за да оствариме поволен исход, со
нерешен резултат или минимален пораз би го направиле реваншот во Скопје мошне
интересен
– за српските медиуми изјави “звездата“ на Шкендија и репрезентативецот на Македонија, Ферхан
Хасани.


Во столбот на одбраната на Шкендија, “командува“ српскиот интернационалец
Ниќитовиќ на кого му е истечен договорот со “црвено црните“ но ќе му
помогне низ квалификациите на екипата –  Овие “година дена“ што сум во
Шкендија ми се најубавите моменти во кариерата, освоивме титула единствена во
мојата кариера. Моторот на екипата е единството и беспрекорното функционирање и
разбирањето од фудбалерите.

Мх.П.