„Првата дама“ на словенечката музичка сцена и вистинска екс ју дива – Хелена Благне ќе настапи на 23 август на интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”.

Покрај неа уште две реномирани музички имиња од Словенија ќе продефилираат на охридскиот кеј. Станува збор за популарната Нуша Деренда и претставничка на Словенија на Евровизија 2014 – Тинкара Ковач.

Организаторите на фестивалот, кој годинава ќе се одржи по 21 пат, го најавија и учеството на Славен Кнезовиќ и Бојан Маровиќ од Црна Гора односно Романа Паниќ од Србија. 

Станува збор за тројца искусни и веќе етаблирани музичари кои со сигурност ќе го привлечат вниманието на публиката.-информираат од фестивалот. 

“Охрид фест – Охридски трубадури” ќе се одржи од 20ти до 23ти август. 

OhridNews