На иницијатива на неформалното движење „За заедничка Македонија“ денеска на градскиот плоштад во Охрид се одржа хепенинг. 

На настанот беа упатени пораки за сочувување на унитарноста на државата, како и за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер.

– Протестите против албанската платформа продолжуваат денеска со хепенинг каде ќе се дружат од најмлади до највозрасни и на тој начин ќе испратиме порака дека Македонија е мултукултурно и мултиетнилко општество кое се грижи за секој граѓанин. Охрид како туристички центар го покажува тоа. Протестите продолжуваат секој ден се до конечна победа. – рече Делчо Максимоски, активист на движењето „За заедничка Македонија“.

– Упатувам порака за зачувување на Македонија во постоечките граници со нашиот макдонски јазик и идентитет. Ќе продолжиме со маршевите и мирни протести за Македонија. – истакна Тони Топалоски, учесник на хепенингот и активист на движењето „За заедничка Македонија“.

Организаторите информираа дека вечерва нема да има протестен марш во Охрид.

OhridNews