Охридското Езеро не е само природна убавина – тоа е жив музеј на еволуцијата и едно од најстарите и најзначајни езера во светот. Во неговите води живеат повеќе од 200 ендемични видови, организми кои не постојат никаде на друго место на планетата. Од уникатните алги, полжави и ракчиња, до познатата охридска пастрмка. Биодиверзитетот на езерото претставува непроценливо природно наследство со светско значење.

Токму затоа, денес на Светскиот ден на биодиверзитетот, од Хидробиолошкиот завод потенцираат дека заштитата на Охридското Езеро значи заштита на животот, науката и иднината.

На денешниот ден потсетуваме дека биодиверзитетот не е неисцрпен ресурс. Климатските промени, загадувањето и неодржливото користење на природата се закана за овој уникатен екосистем. Да го чуваме Охридското Езеро – затоа што кога го чуваме биодиверзитетот, ја чуваме рамнотежата на животот, велат.

OhridNews