Во текот на денешниот ден врнежите полека почнуваат да престануваат. Според податоците од хидролошките станици низ земјава забележано е мало зголемување на водостоите на реките во однос на утринските и тоа на водотеците во западниот дел од земјата, каде се очекува да останат високи до крајот на денот, информираат од УХМР.

-Преовладува доста топло време со високи температурите на воздухот што ќе услови понатамошно топење на снегот во текот на денешниот ден. Во вечерните часови како и за време на ноќта се најавуваа нови врнежи од дожд (околу 20 л/м2 според прогнозите на синоптичарите), но поради пониските температури на повисоките места дел од овие врнежи се очекува да бидат во вид на снег со што би се забавило формирањето на истекувањето во горните делови од речните сливови. Сепак, ваквите појави се очекува да предизвикаат доста високи водостои на водотеците во западниот дел од земјата особено во сливот на р.Треска, р.Кичевска, р.Радика, р.Сатеска, р.Црн Дрим и р.Црна. На поедини рамничарски делови можни се локални појави на заезерувања а исто така доколку врнежите бидат поинтензивни и локални излевања на реките во посочените сливови. Исто така се очекува зголемување на нивото на подземните води. Предупредуваме за внимателно движење покрај реките и суводолиците. – соопшти УХМР.

OhridNews