Обилните врнежи од дожд придонесоа за зголемување на водостојот на Охридсото Езеро и реките во неговиот слив. Под вода е и Студенчишко блато, а до врв полн е и каналот Студенчишта.


Поради зголеменото ниво на реката Црн Дрим пoплавени се испустните цевки од колекторот, а пречистената вода се враќа назад во пумпите и се прелева. Дежурните екипи на Проаква едвај се справуваат со ситуацијата. За да се спречи поплавување на крајезерските населби во Охрид и Струга од одредени пумпмни станици непречистената вода директно се испушта во Езерото.


Според најавите на метеоролозите, денеска ќе имаме сончево и стабилно време, но веќе од утре се очекуваат  нови врнежи од дожд, кои попладне на места ќе имаат пообилен карактер, особено во јужните и западните подрачја (над 20л/м2). Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, што дополнително може да ја усложни ионака неповолната хидролошка ситуација во Охридско.

OhridNews